Данела Арсовска го повика Орце Ѓорѓиевски на дебата: Не ги држи рачињата во формација извежбана од медот!

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска со фејсбук статус му одговори на актуелниот граноначалник Орце Ѓорѓиевски за неговите обвинувања дека 500 вработени земале плата а не оделе на работа, како и дека градот има долг над 300 милиони евра. Објавата ви ја пренесуваме во целост:

Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници. Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народ дека лажеш. Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење.

The post Данела Арсовска го повика Орце Ѓорѓиевски на дебата: Не ги држи рачињата во формација извежбана од медот! appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: