Во сезоната на настинки и болки во грлото, многумина бараат природен начин за зајакнување на имунитетот и забрзување на закрепнувањето.
Наместо традиционални лекови, сè повеќе луѓе посегнуваат по топли напитоци кои комбинираат едноставни, но ефикасни состојки. Еден од нив особено се издвојува бидејќи обезбедува моментално олеснување за грлото, а воедно помага во намалување на воспалението во телото. Експертите се согласуваат дека овој напиток може да биде корисен додаток на вашата дневна рутина.
За подготовка се потребни само три состојки – ѓумбир, лимон и мед . Комбинацијата од овие намирници е позната по своето антиинфламаторно дејство и способност за зајакнување на имунолошкиот систем.
Ѓумбирот се вари во вода десет минути, потоа се цеди, а пијалокот се збогатува со свеж сок од лимон и една лажица мед. Резултатот е ароматичен и смирувачки пијалок кој помага при болки во грлото и чувство на исцрпеност.
Според различни експерти, ѓумбирот има антиоксидативни, антиинфламаторни и антимикробни својства кои можат да ги ублажат симптомите на воспаление, гадење и дигестивни проблеми. Исто така, може да помогне во зајакнувањето на имунитетот благодарение на соединенијата кои имаат антибактериски и антивирусни својства. Лимонот, од друга страна, содржи голема количина на витамин Ц, кој му помага на телото да се бори против инфекции, додека медот носи природна сладост и благ антисептички ефект.
Заедно, овие состојки создаваат пијалок кој не само што ги ублажува непријатните симптоми, туку и го поддржува здравјето на целиот организам. Редовното консумирање на топол пијалок направен од ѓумбир, лимон и мед може да му помогне на телото полесно да се справи со воспалението и заморот, особено во постудените месеци.
Сепак, иако е природен пијалак, експертите препорачуваат умереност. Ѓумбирот може да биде премногу силен ако се консумира во големи количини, па затоа се препорачува максимум една до две чаши дневно. Луѓето кои земаат разредувачи на крв, имаат проблеми со желудочната киселина или висок крвен притисок треба да се консултираат со лекар пред редовна употреба.
Бремените жени и доилките исто така треба да го ограничат внесувањето на посилни пијалоци од ѓумбир.
The post Магичен напиток: Ова е природен штит против вируси и настинки, а исто така го зајакнува и имунитетот appeared first on Во Центар.



