Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека под владата на Христијан Мицкоски, земјата доживува драматичен економски пад, што се одразува и во падот на странските инвестиции.
„Откако премиерот заврши со сликањето на нашите инвестиции со пердувите на другите, сега се појави реалноста за неговата неспособност, имаме три пати помалку странски инвестиции. Наместо стабилност, развој и економски раст, гледаме стагнација, пад и целосна незаинтересираност од страна на Владата“, рече Филипче.
Тој потсети дека странските инвестиции беа двигател на економскиот развој во периодот кога на власт беше СДСМ, но денес тој двигател е целосно запрен.
„Во споредба со годините на СДСМ, кога во првите два квартала имаше 600 милиони евра странски инвестиции, сега има само 200 милиони евра. Значи, странските инвестиции во земјата се намалени за една третина“, рече Филипче.
Филипче, исто така, рече дека заминувањето на странските инвестиции е резултат не само на економската неспособност, туку и на арогантното однесување на Владата кон домашните и странските инвеститори.
Според него, економските индикатори се алармантни на сите нивоа.
The post Филипче: Поради неспособноста на Мицкоски, имаме три пати помалку странски инвестиции appeared first on Во Центар.



