„Фич рејтингс“ објави дека го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Грција од „БББ минус“ на „БББ“, наведувајќи го забрзаното намалување на долгот, силните фискални резултати и солидниот економски раст.
„Фич рејтингс“ објави дека Грција е на добар пат да го намали односот долг-БДП за речиси 20 проценти во 2024 и 2025 година.
Се очекува нивото на долг да се приближи до 120 проценти од БДП до 2030 година, објави грчката агенција АМНА.
Кредитната агенција истакна стабилен економски раст од околу четири проценти, примарен суфицит и парични резерви доволни за покривање на финансиските потреби во следните неколку години.
Подобрената наплата на даноци, строгата контрола на расходите и постојаните буџетски суфицити беа исто така наведени како резултати што ја надминуваат медијаната на категоријата BBB.
Портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, го поздрави зголемувањето на кредитниот рејтинг и рече дека тоа е одраз на растот на меѓународната доверба во грчката економија.
The post Американската агенција го зголеми кредитниот рејтинг за Грција: За таквата одлука беа наведени неколку причини appeared first on Во Центар.



