четврток, 12 ноември 2026
Најново

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

   Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне расправата за Предлог-буџетот за 2026 година, во второ читање, на која ќе ги разгледува поднесените над 200 амандмани.
Во текот на општата расправа, која заврши вчера, пратениците од владејачкото мнозинство изнесоа ставови дека предложениот буџет е реален и развоен со индикатори базирани на подобрување на економскиот раст и силна реализација на проектите и приходите.
Наспроти нив, опозициските пратеници сметаат дека предложениот буџет е нереален, неразвоен и социјален и нема да го подобри стандардот на граѓаните и услугите од државата. Критикуваа и дека ќе се зголеми јавниот долг и оти се намалени капиталните инвестиции.
Со Предлог-буџетот за 2026, економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, вкупните расходи на износ од 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари (650 милиони евра)

Поврзани вести