Сопственикот на Турново е навивач на Хајдук

Орце Тодоров, сопственикот и финансиер на екипата на Хоризонт Турново, за „Дневник“ вели дека е голем симпатизер на хрватски Хајдук.
„Не кријам дека навивав и сеуште го симпатизирам Хајдук. Така беше во времето кога растев. Секој имаше свој тим, а јас го избрав Хајдук. Ги следам неговите резултати и случувања во клубот и особено ќе ме израдува ако дојде до пресметка со овој хрватски прволигаш“ вели Тодоров во интервјуто за „Дневник“.
Турново мина низ одлична сезона освојувајќи го одличното второ место на табелата во Првата Македонска фудбалска лига веднаш зад Вардар, дури и играше меч за титула во последното коло токму со шампионот но беше убедливо поразен на гостински терен.
Турново од УЕФА ќе добие награда од фантастични 130 000 евра за пласманот во Европа Лига, што може да го направи овој тим стабилен прволигаш во ПМФЛ и можност за повторен пласман во Европа.
Реванш дуелот со литвански Судува, Турново го игра во Среда во Скопје откако првиот натпревар во Литванија заврши со резултат 2-2.
Фото/Извор/Изјава: „Дневник“Орце Тодоров, сопственикот и финансиер на екипата на Хоризонт Турново, за „Дневник“ вели дека е голем симп

Пронајдете не на следниве мрежи: