ПЕСКОВ: Разговорот меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време, но…

Можно е, доколку е потребно, веднаш да се организира телефонски разговор меѓу двајцата лидери, рече Песков.

Телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега, Доналд Трамп, може да се организира во секое време, изјави денес портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

„Можно е, доколку е потребно, веднаш да се организира телефонски разговор меѓу двајцата лидери. Но, работата што мора да претходи на средбата сè уште не е завршена“, изјави портпаролот на Кремљ, пренесува ТАСС.

Песков претходно изјави дека Москва е подготвена за преговори за решавање на украинскиот конфликт и го обвини Киев за прекин на дијалогот.

Запрашан да коментира за медиумското известување за американскиот план за решавање на конфликтот во Украина, Песков истакна дека Москва „внимателно ги следи сите информации“.

Американскиот договор за Украина, кој беше објавен денес во американските медиуми, предвидува Украина да отстапи одредени територии, а исто така бара и намалување на бројот на нејзините вооружени сили.

Песков претходно изјави дека специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, би можел да ја посети Русија во секое време.
The post ПЕСКОВ: Разговорот меѓу Путин и Трамп може да се организира во секое време, но… appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: