Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против селекцијата на Данска во првиот бараж меч за пласман на Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико, одлучи денешната ждрепка во Цирих.
Македонија ја има улогата на аутсајдер на овој дуел затоа што доаѓа како селекција од последниот четврти барабан, додека ривалот е од првиот, најсилен барабан. Натпреварот ќе се игра на 26 март следната година.
Ако Македонија успее да победи во првиот бараж, следува нов и последен предизвик, а тоа е вториот бараж дуел на 31 март 2026 година, проитв подобриот од дуелот Чешка- Ирска, за пласман на првото Светско првенство.
Во евентуалното финале на баражот, Македонија повторно ќе биде гостин.
Македонија ги заврши квалификациите со тежок пораз од Велс од 7:1, што ѝ го донесе третото место во групата. Поради тоа, таа беше сместена во најниско рангираниот, четврти шешир во ждрепката.
Во преостанатите полуфинални натпревари се среќаваат:
Велс- БиХ
Италија- Северна Ирска
(Победниците од двата натпревари ќе играат меѓусебно за пласман на СП)
Полска- Албанија
Украина- Шведска
(Победниците од двата натпревари ќе играат меѓусебно за пласман на СП)
Словачка- Косово
Туркије- Романија
(Победниците од двата натпревари ќе играат меѓусебно за пласман на СП)
Во меѓуконтиненталниот плејоф, Нова Каледонија ќе игра против Јамајка, а победникот ќе се соочи со ДР Конго во финалето, додека Боливија ќе се сретне со Суринам.
Подобар од овој дуел, ќе се бори против Ирак за пласман на Светското првенство.
The post Македонија против Данска во баражот за СП 2026 appeared first on Во Центар.



