Пет едноставни начини да ослабете без диети и гладување

Правилната исхрана е неопходна за нормално функционирање на телото, но и за одржување на здрава телесна тежина.

Иако прескокнувањето оброци или драстичното намалување на внесот на калории понекогаш изгледа како брзо решение, ваквите пристапи ретко даваат долгорочни резултати и можат да имаат негативни здравствени последици.

Ако сакате да ослабете на одржлив и здрав начин, еве неколку едноставни совети кои можат да бидат поефикасни од рестриктивните диети.

Не прескокнувајте појадок

Појадокот е првиот оброк по неколку часа ноќен пост и е важен за стабилизација на енергијата, подобра концентрација и контрола на апетитот во текот на денот. Урамнотежениот појадок може да спречи подоцнежни напади на глад и прејадување.

Изберете интегрални житарки

Целите зрна содржат влакна кои го продолжуваат чувството на ситост и го забавуваат варењето, што помага во регулирањето на апетитот. Нивната хранлива вредност, побавното ослободување на енергија и помалку апсорбирани калории придонесуваат за побрз метаболизам.

Не заборавајте за протеините

Протеините се исклучително заситувачки и помагаат во одржувањето на стабилни нивоа на шеќер во крвта, намалувајќи ја потребата од чести грицки. Исто така, го продолжуваат чувството на ситост и го олеснуваат контролирањето на внесувањето храна.

Обрнете внимание на течните калории

Соковите, засладените пијалоци и енергетските пијалоци можат брзо да го зголемат вашиот вкупен дневен внес на калории. Наместо тоа, изберете вода, незасладени чаеви или други пијалоци со малку калории.

Јадете свежа храна

Свежо приготвената храна содржи повеќе хранливи материи и помалку сол, скриени масти и шеќери од индустриски преработените оброци. Малку време вложено во подготовка на свежи оброци значително го подобрува квалитетот на исхраната и целокупното здравје.

The post Пет едноставни начини да ослабете без диети и гладување appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: