Крадец снимен во црква во Катланово, собира пари од икони

Дрзок крадец минатата недела ја ограбил црквата „Свети Никола“ во Катланово кај Скопје, а црковната камера ја снимила целата негова „операција“.

На снимката која до „Слободен печат“ ја испратиле читатели, се гледа како крадецот влегува во црквата сам и внимателно ги рагледува иконите барајќи пари. Тој ги поминува сите, „послужувајќи“ се со парите што луѓето ги оставале за здравје, по што мирно излегува од црквата.

Пронајдете не на следниве мрежи: