Зеленски се сретна со делегација од Пентагон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа средба со делегација од Пентагон, предводена од секретарот на американската армија, Ден Дрискол.

Набргу на преговорите ќе се приклучи и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров, објави РБК.

Дрискол пристигнал во Киев на 19 ноември. Тој ја посетил Украина за да се сретне со Зеленски.

Главната тема на нивните разговори ќе биде можноста за обновување на мировните преговори со Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: