четврток, 12 ноември 2026
Најново

ОД денеска собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

  Денеска ,во градовите каде се повторуваат изборите поради немање цензис, почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници. Тоа се  општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ноември 2025) до 24:00 часот.

 Постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември 2025 година во 24 часот.

Поврзани вести