АФП: Со американскиот мировен план Русија би добила украинска територија со големина на Луксембург

Спроведувањето на американскиот „мировен план“ во неговата сегашна форма би можело да резултира со тоа што Русија ќе добие територија речиси со големина на Луксембург без борба.

Како што пишува „Европска вистина“, ова го потврдуваат пресметките на агенцијата АФП врз основа на податоци од Институтот за проучување на војната (ISW). Американскиот „мировен план“, до кој АФП има пристап, предвидува Русија да добие територии од приближно 2.300 квадратни километри – речиси колку Луксембург (2.590 квадратни километри).

Меѓу другото, Украина би се откажала од речиси 5.000 квадратни километри во регионот Донецк и 45 квадратни километри во регионот Луганск. За возврат, Москва би морала да врати речиси 2.000 квадратни километри во регионот Харков, 450 во регионот Дњепропетровск, 300 во регионот Суми и 20 во регионот Чернигов. „Планот предложен од Вашингтон во суштина вклучува трансфер на 20 проценти од територијата на Украина во замена за помалку од 0,5 проценти“, се наведува во статијата на АФП.

Пронајдете не на следниве мрежи: