Видео од дрон: Финишира изградбата на експресниот пат од Велес до Штип

Изградбата на експресниот пат од Велес до Штип во должина од 26 километри е при крај. Асфалтирањето се очекува да заврши за неколку дена, а се планираат и два железнички премини за кои ќе бидат набавени и сигнални уреди и нови рампи.Патот се градеше во три фази, од кои двете се веќе завршени, а најголем дел од работите на третата фаза од патот, која е во должина од 10 километри, се завршени. Станува збор за инвестиција од околу 15 милиони евра, средства обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, а со пуштањето во употреба на овој експресен пат се очекува да се олесни сообраќајот на оваа делница која што е многу фреквентна.
Увид во градежните активности денеска извршија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Државното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски.
Патот се градеше во три фази, од кои двете се веќе завршени, а најголем дел од работите на третата фаза од патот, која е во должина од 10 километри

Пронајдете не на следниве мрежи: