Денес беше 24-тиот редовен состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и Европската унија, или Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација. Во оваа пригода, говореше бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од партијата ГЕРБ, нагласувајќи дека за првпат Европската комисија презентира конкретни индикативни рокови „Црна Гора 2026, Албанија 2027, Молдавија и Украина 2028-29“.Според него, ова е позитивен знак и покажува дека со активни реформи, можно е Европската унија да има нови членки до 2030 година.
Во интервју за „Еуроњуз Бугарија“, Ковачев ги идентификува Црна Гора и Албанија како земји кои се „поблиску до полноправно членство“, додека другите во регионот сериозно заостануваат.
Тој е особено критичен кон Северна Македонија, обвинувајќи ја за она што го нарекува „самоблокирање“ поради неподготвеноста на владата во РМВ да се придржува до веќе усвоената Преговорна рамка.
„Државата е иста. Постои континуитет… повторно преговарање за Преговорната рамка, такво нешто нема“, рече Ковачев.
Во разговорот, тој зборуваше и за нападот врз публицистот и член на бугарската заедница во Македонија, Владимир Перев. Ковачев ја дефинира ситуацијата како „опасна атмосфера“.
„Му велат на Владо Перев во лице: „Одете во Бугарија“, ова е идентично со реториката што самите ја дефинираат како фашистичка“, додаде тој.
The post Ковачев: Северна Македонија се блокира на патот кон ЕУ appeared first on Во Центар.



