четврток, 12 ноември 2026
Најново

Одлука на Уставниот суд за зголемување на пензиите! Мицкоски: Би сакал да грешам

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски повторно зборуваше за линеарното зголемување на пензиите и одлуката на Уставниот суд, која според премиерот, веќе е донесена и треба да го укине зголемувањето на пензиите.

Мицкоски денес изјави дека би сакал да греши и дека Уставниот суд не би донел таква одлука, но рече дека наскоро ќе се одлучи за тоа.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Вчера за време на прашањата на пратениците бев многу прецизен и реков дека имам информации… дека постапката е започната и дека известителниот судија го потпишал конечниот извештај, со кој се отстранува линеарното зголемување на пензиите за пензионерите од следниот месец. Дали ова ќе се случи, ќе видиме наскоро. Дали бев во право, дали информациите беа точни или не, ќе добиеме одговор многу наскоро.“

„Би сакал да грешам, би сакал да грешам, но што ако сум во право? Тогаш кој предизвикува хаос и кој свесно го поткопува стандардот на пензионерите? Владата, со тие мерки, сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330.000-350.000 пензионери, некој друг има други цели. Што се однесува до СДСМ, не би коментирал“, рече Мицкоски, меѓу другото.

Поврзани вести