Пет месеци по нивната раскошна венчавка во Венеција, Лорен Санчез и нејзиниот сопруг, милијардерот Џеф Безос, објавија голема донација. Поранешниот новинар објави дека двојката ќе донира 102,5 милиони долари (88 милиони евра) на 32 непрофитни организации низ САД , кои се борат против бездомништвото, а средствата ќе бидат исплатени преку Фондот за семејства „Деј уан“ на Безос, основан во 2018 година.
„Тоа многу им значи на луѓето“
Лорен ја соопшти веста во понеделник додека гостуваше во емисијата „Добро утро, Америка“.
„Оваа година можеме да дадеме повеќе од 100 милиони долари, тоа значи многу за луѓето“, рече таа, додавајќи дека донациите ќе им помогнат на семејствата „да се движат во вистинската насока“.
„Ова е само почеток“, продолжи таа.
,,Ќе продолжиме да го правиме тоа. Имаме неверојатна група советници на терен – тие знаат што им е потребно на заедниците. Можевме да им дадеме на сите 50 држави и тие навистина ни кажуваат што им е потребно на места како што е непрофитната организација „Заедница на надежта“ од Вашингтон.“
Свадба на годината во Венеција
Да потсетиме, Лорен се омажи за Џеф во јуни , а на свадбата присуствуваа стотици познати гости, меѓу кои семејството Кардашијан-Џенер, Опра Винфри и Бил Гејтс . Двојката почна да се забавува во 2019 година, а основачот на Амазон ѝ предложи брак во 2023 година.
„Многу сум среќна“, изјави Лорен за „Вог“ пред свадбата.
,,Среќна сум што се мажам и што го поминувам животот со мојот најдобар пријател, некој што ме гледа, некој што ме обожава, некој што јас го обожавам. Јас сум најсреќната жена на планетата. Се чувствувам безбедно. Се чувствувам видено. Тој ми дозволува да бидам јас“, додаде таа.
The post Џеф Безос и Лорен Санчез донираат 102 милиони долари за бездомниците (фото) appeared first on Во Центар.



