Тајната на ќебапите печени во рерна е во совршениот дресинг од пиво и зачини кој му дава на месото неверојатна нежност и арома. Подготовката е брза, лесна и без проблеми, идеална за ручек што секој го сака.
Состојки:
За ќебапите:
500 г мелено месо4 чешниња лук2 лажички сода бикарбона2 лажички сол2 лажички бибер100 мл кисела вода
За дресингот:
200 мл пиво1 лажица зачин од сушени билки1 лажичка бибер½ лажичка сушен копар1 лажичка сечкан магдонос50 мл масло
Подготовка:
Додадете рендан лук, сода бикарбона, сол, бибер и кисела вода во меленото месо. Добро измешајте, ставете во фрижидер да отстои еден час. Направете ги ќебапите, наредете ги на намастен плех за печење и печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Прелијте ги со дресингот и вратете ги во рерна уште 15 минути.
Пронајдете не на следниве мрежи:


