Американскиот пратеник Виткоф викендов на средби со Зеленски и европските лидери во Берлин во продолжување на мировните разговори.
Во меѓувреме, Трамп одби да даде детали за клучната одредба во мировниот предлог на САД, насочена кон прекин на војната меѓу Русија и Украина, која повикува на создавање слободна економска зона во источен Донбас, украинска територија од која Москва сака Киев целосно да се откаже. Зеленски посочи дека преговарачкиот тим на Трамп бил непрецизен во детали за тоа кој ќе ја контролира безбедноста на зоната.
Висок функционер на Кремљ изјави дека руската полиција и Националната гарда ќе останат во источен украински Донбас дури и ако мировниот договор стави крај на војната.
„Тоа е многу сложена ситуација, но би функционирало. И многу луѓе сакаат да видат дека функционира. Сè што сакам да направам е да спречам смртта на многу луѓе месечно“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.



