Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес потврди дека по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, полицијата синоќа го уапсила поранешниот државен јавен обвинител, Фехми Стафа.
Тој не даде дополнителни информации, велејќи дека не може да сподели повеќе детали.
„Вчера, Министерството за внатрешни работи, во соработка со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судијата на претходна постапка, презеде дејствија во рамките на својата надлежност, при што лицето што го споменавте беше приведено од страна на Министерството за внатрешни работи. Денес, постапуваме во соработка со Јавното обвинителство, според нивните упатства. Значи, во овој момент не можам да споделам повеќе детали во врска со овој случај“, рече Тошковски.
The post Тошковски го потврди апсењето на поранешниот државен обвинител, Фехми Стафа appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



