Апелациониот суд ја зголеми затворската казна на 13 години за Васил Јованов – возачот што ја усмрти Фросина Кулакова со својот автомобил

Апелациониот суд ја зголеми казната на 13 години за возачот, Васил Јованов, кој смртно ја удри младата Фросина Кулакова во центарот на Скопјe, кого Кривичниот суд го осуди на 12 години затвор.

„Апелациониот суд во Скопјe, во интерес на јавноста и медиумите, информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-696/25, по јавна расправа одржана на 06.10.2025 година, и по спроведување на советување и гласање во затворен дел од расправата на 27.10.2025 година, донесе одлука со која ја усвои жалбата на Основното јавно обвинителство во Скопјe и ја отфрли како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. Одлуката на Основниот кривичен суд во Скопјe е изменета во делот на кривичната санкција, на начин што обвинетиот В.Ј. од С., кој со првостепена одлука е прогласен за виновен за кривичното дело „Тешки кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, е осуден на казна затвор од 13 години. Во преостанатиот дел, одлуката на „Првиот се потврдува“, соопшти Апелациониот суд.

Пред седум месеци, Кривичниот суд го осуди Јованов на 12 години затвор за кривично дело „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Во јануари, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол и наркотици, смртоносно ја удрил Фросина на обележан пешачки премин со брзина од 90 километри на час.
The post Апелациониот суд ја зголеми затворската казна на 13 години за Васил Јованов – возачот што ја усмрти Фросина Кулакова со својот автомобил appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: