Мицкоски за доцнењето со социјалната помош: Има луѓе кои примаат над 60 илјади денари месечно

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостување на телевизија Сител, зборувајќи за доцнењата во исплатата на социјалната помош, нагласи дека Владата нема да дозволи злоупотреби, бидејќи, како што рече, имало случаи каде што луѓето добивале 60-65 илјади денари месечно од различни причини.

„Ситуацијата е стабилна, но треба да научиме ред и дисциплина. Парите не можат да се трошат спонтано и буџетот не може да се цица и молзе преку лажни фактури. Кога станува збор за социјална помош, има многу случаи каде што социјалната помош, а ние веќе ги анализираме, се зема од неколку причини. Имаме корисници на социјална помош кои примаат ГМП (гарантирана минимална помош), но и друга помош до 60-65 илјади денари месечно, од неколку причини што ги примаат. Ова е кражба, ова е нелегално. Да, ќе го исчистиме и филтрираме списокот на корисници на гарантирана минимална помош затоа што ни е грижа за државата и ни е грижа за иднината на државата“, нагласи Мицкоски.

Тој додаде и дека и покрај лошата ситуација и хаосот во кој се најде земјата по преземањето на функцијата, постигната е консолидација и сега се евидентираат највисоките економски резултати во Европа според БДП.

„Можеме сето ова да го скриеме под тепих, да поделиме колку што можеме и да ја задолжиме државата, но дали ова е одговорно за генерациите по нас? Не, треба да го консолидираме, ние го консолидиравме. Да ве потсетам дека кога почнавме, немавме држава, немавме систем, сè беше уништено. За година и пол се консолидираме, бележиме економски резултати кои се највисоки во Европа, за нашиот БДП, да се разбереме, да не се разбираме погрешно. Сега кога го имаме сето ова предвид, овие предизвици се логични, не е нешто нелогично, но мора да има ред и дисциплина“, нагласи Мицкоски.
The post Мицкоски за доцнењето со социјалната помош: Има луѓе кои примаат над 60 илјади денари месечно appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: