четврток, 12 ноември 2026
Најново

Путин го отфрли американскиот план? Кремљ објави

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тврдењето дека рускиот претседател Владимир Путин го отфрлил американскиот мировен план за Украина би било неточно, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Еден дел од точките од планот за Украина  беше прифатен за време на разговорите меѓу Путин и Витков, а дел беше означен како неприфатлив . Тоа е работен процес“, рече Песков и додаде дека колку потивко се водат преговорите, толку попродуктивни ќе бидат , пренесува РИА Новости.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој исто така најави дека Русија се надева дека американската страна ќе се придржува до принципот на молчење за време на преговорите за решението.

Портпаролот на Кремљ додаде дека е можен телефонски разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп .

„Телефонски разговор е можен во секое време. Постои можност тој да биде оперативно организиран“, рече Песков .

Вчерашниот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф беше корисен, конструктивен и значаен, изјави претходно советникот на Путин Јуриј Ушаков.

Тој рече дека разговорот „не траел пет минути, туку пет часа“, пренесува РИА Новости.

„Разговаравме за неколку опции за завршување на војната во Украина. Се договоривме со нашите американски колеги да не ја откриваме содржината на преговорите. Разговорот беше доверлив“, рече Ушаков.

Поврзани вести