Министерството за внатрешни работи соопштува дека затвореник од Скопje е пронајден мртов во затворот во Штип.
„На 15.12.2025 година во 10:35 часот наутро, Полициската управа Штип соопшти дека во една од собите на Казнено-поправната установа – Затвор Штип, осуденикот В.М. (40) од Скопјe е пронајден мртов“, соопшти МВР.
Лекар од Итната помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
„Извршен е увид на местото на настанот, а по налог на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
The post Затвореник пронајден мртов во штипскиот затвор appeared first on Во Центар.



