Поранешниот градоначалник на Градот Скопјe и функционер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), адвокатот Петре Шилегов, јавно побара оставка од лидерот на партијата, Венко Филипче.
„Да! Барам оставка од „претседателот“ на СДСМ!“, напиша Шилегов во објава на социјалната мрежа Фејсбук, додавајќи дека во рок од само седум минути добил над 50 телефонски повици за разјаснување на својот став. Ова дојде откако Шилегов, во друг, прилично нејасен и „кодиран“ статус, се осврна на одговорност за „убиство“ и однесувањето на партијата.
Македонското законодавство познава убиство од небрижност.
Познава и убиство со умисла, но не познава (само) убиство со умисла !!!!
Или тешка Ви е одговорноста ?
Или Ви тежи договорот ?
Или си СДСМ или си тезгарош !!!
М ?
Прашањата ќе ги поставиме после празниците. Да не се разводиме во меѓувреме. Демек, добар ви е тајмингот. Нова Година, Божиќ, ќе се заборави ….
Вчера, СДСМ избра ново раководство, а партијата сега ќе има двајца наместо четири потпретседатели: Александар Трајановски и Јована Тренчевска. Промени има и во Извршниот комитет, за кој партијата вели дека сега е составен од комбинација од искусни и млади кадри.
Ова се случи откако лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по најлошиот настап на партијата во нејзината историја на локалните избори минатиот месец, објави дека целото раководство ќе биде заменето – освен него самиот. Многумина во СДСМ, според партиски извори, се незадоволни од начинот на кој Филипче ја води партијата, ниту од изборот на нови кадри.
Тензиите во опозициската партија продолжија и денес, со оставка на раководителот на партиската организација во Битол, Методија Куновски, како и на членот на извршниот комитет на општинската организација во овој град, Александар Палигора.
The post Шилегов: Да, барам оставка од Филипче! appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



