Претседателката Гордана Силјановска-Давкова предупреди дека постојниот Закон за помилување е нефункционален и треба да се реформира, а истовремено ги охрабри измените во Кривичниот законик, нагласувајќи дека тие се од суштинско значење за борбата против корупцијата и криминалот.
„Законот за помилување, каков што е сега, поради многу укинати одредби, повеќе не наликува на логичен правен текст. Насекаде во светот постои можност за помилување, самиот збор покажува дека понекогаш лицето треба да се апстрахира од казната и да го оцени процесот на престој во затворите, да стимулира заминување од тој свет и можност за различно однесување. Треба да постои можност за помилување кое ќе опфаќа подолг временски период, а Комисијата за помилување треба да има обврска да доаѓа во затворите и да разговара со луѓе кои поднеле барања. Исто така, треба да се овозможи посета на затворите на одредени датуми“, рече Силјановска-Давкова при денешната посета на затворот Идризово.
Таа додаде дека е потребно да се создаде систем што ќе им даде надеж на затворениците и ќе ја стимулира нивната посветеност кон ресоцијализација.
„Треба да им дадеме надеж на овие луѓе дека нивната решителност, нивната посветеност да станат подобри луѓе, треба да бидат ценети и наградени“, рече таа.
Во врска со измените во Кривичниот законик и построгите казни за злоупотреба на службената должност, претседателката рече дека ги охрабрува реформите.Додаде дека таа охрабрува не само измени во Кривичниот законик, туку и сите закони поврзани со судството.
The post Силјановска-Давкова: Законот за амнестија е нефункционален appeared first on Во Центар.



