четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ѓорѓиевски избран за претседател на ЗЕЛС: Ќе го продолжиме процесот на децентрализација

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со едногласна одлука на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), градоначалникот на град Скопјe, Орце Ѓорѓиевски, беше реизбран за претседател на ЗЕЛС.

Како што вели неговиот кабинет, реизборот е потврда за досегашната работа и визијата за понатамошно зајакнување на локалната самоуправа, унапредување на процесите на децентрализација и продлабочување на соработката со централната власт.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Сакам да изразам искрена благодарност до членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за довербата што ја покажаа, заедно со моите колеги, во двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски. Убеден сум дека пред нас е успешен мандат што ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и продлабочувањето на децентрализацијата.“

„Овој оптимизам го темелам на неколку главни причини. Прво, поминаа дваесет години од почетокот на процесот на децентрализација, период во кој локалното управување созреа и беше изградена јасна визија за потребните реформи. Второ, во овој мандат имаме значителен човечки потенцијал и искуство, повеќе од половина од градоначалниците имаат барем еден мандат зад себе, а меѓу нив има и колеги со долгорочен континуитет.“

„Трето, искуството од енергетската криза покажа дека кога сме обединети во рамките на ЗЕЛС можеме да најдеме решенија и да се соочиме со најтешките предизвици“, рече Ѓорѓиевски.

Поврзани вести