Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не може и не ветил дека преку ноќ ќе направи чуда.
Како што вели, тоа е невозможно и неодговорно од политичар да го каже.
„Граѓаните да имаат трпение, јас знам, сите го живееме овој проблем години наназад, децении наназад, но не можам и не сум ветил дека преку ноќ ќе направам чуда затоа што тоа е невозможно и неодговорно од политичар да го каже“, вели Ѓорѓиевски.
Тој порача дека најодговорно тврди дека нема да се доведе во позиција некого да штити, особено ако тој го загрозува здравјето на граѓаните.



