четврток, 12 ноември 2026
Најново

Рокот истече: Општина Аеродром ќе одлучува за иднината на Зимзоленд

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рокот во кој организаторите на Зимзоленд треба да се изјаснат за забелешките од инспекцискиот надзор беше до денеска. Општина Аеродром треба да постапува, но сè уште не се открива на кој начин, дали со отстранување на забавниот парк или со санкции за утврдените неправилности.
Од општината најавија дека набрзо ќе одлучат што понатаму, а ќе бидат земени предвид и ставовите што организаторите ќе ги достават. Понатамошните чекори ќе зависат од тие околности. Зимзоленд работи без дозвола, така веќе констатираше Град Скопје и и наложи на општината Аеродром да постапи.
Спротивно на властите, организаторите на Зимзоленд тврдат дека ги имаат сите документи и дозволи за работа и за безбедност. Во исто време при инспекциските контроли, Државниот пазарени нспекторат , АХВ, УЈП утврдиле вршење нерегистрирана дејност и најавија казни. за немање фискални, ниту пак  услови за продажна и производство на храна

Поврзани вести