Кога ќе одлучите да ослабете, поголемиот дел од вниманието е насочено кон исхраната, броењето калории и планирањето на оброците. Сепак, постојат одредени зачини кои можат да ви помогнат побрзо да ги постигнете посакуваните резултати.
Имено, одредени зачини не само што го подобруваат вкусот на храната, туку можат и да го стимулираат метаболизмот и да го олеснат согорувањето на мастите. Многу од нив веќе се наоѓаат во вашата кујна.
Црн пипер
Црниот пипер се користи во Индија и Југоисточна Азија илјадници години. Активните супстанции како што се пиперинот и пипероналот помагаат во намалувањето на вишокот килограми, влијаат на регулирањето на шеќерот во крвта и ги зајакнуваат коските.
Лук
Лукот е познат по своите антибактериски својства и способноста за намалување на лошиот холестерол. Фитохемикалиите во лукот му помагаат на телото да ги разгради мастите и да спречи нивно акумулирање.
Чили пиперки
Чили пиперките, познати и како кајенски пипер, може да се користат свежи или сушени. Тие помагаат во забрзувањето на метаболизмот и придонесуваат за согорување на мастите, а совршено се вклопуваат во разни јадења.
Цимет
Циметот е вообичаен во секое домаќинство и се користи за подобрување на вкусот на пијалоци, овошје и десерти. Активната супстанца, цинамалдехид, може да помогне во разградувањето на мастите, а некои студии укажуваат на неговата улога во намалувањето на апетитот.
Ѓумбир
Ѓумбирот, популарен во кинеската кујна, може да го намали гладот и да му помогне на телото да согорува масти. Топлите пијалоци со ѓумбир се особено ефикасни во овој процес.
Сенф
Сенфот не е само додаток за хот-дог. Богат со витамини и минерали, сенфот може да го забрза вашиот метаболизам до 25% за неколку часа, што значи дека вашето тело согорува повеќе калории и помага во согорувањето на мастите.
Со вклучување на овие зачини во вашата дневна исхрана, процесот на слабеење може да стане полесен и поефикасен. Дури и малите додатоци во вашите оброци можат да направат голема разлика во одржувањето на витка фигура.
The post Овие зачини придонесуваат за слабеење, вклучете ги во вашата исхрана appeared first on Во Центар.



