Тешко детство, сиромаштија, беда: Емотивната исповед на Шакира за растењето и кризите низ кои поминала со години! (фото)

Шакира Мебарак е една од највлијателните пејачки во музичката индустрија. Колумбијката е на сцената повеќе од 30 години, а нејзините хитови станаа химни со генерации.

Сепак, патот до успехот воопшто не бил лесен, како што самата уметница открила во интервју за „Венити фер“. Во детството, нејзиното семејство имало многу скромни средства.

– Бев едноставна колумбиска девојка, од семејство кое немаше ништо. Татко ми ја изгуби работата. Имав пристојно образование, фала му на Бога, тоа е единственото нешто на кое моите родители никогаш не штедеа – рече Шакира, нагласувајќи колку тешко ѝ било да се бори за своето место во музичката индустрија.

– Сè за што сонував ми изгледаше недостижно, но имав инстинкт – објасни таа и додаде:

– Немаше социјални мрежи, немаше кратенки за постигнување на целите. Морав напорно да работам, како да резбам камен на сонце – продолжи пејачката.

Потоа таа се сети дека денес постојат многу повеќе начини музиката брзо да се шири или да стане вирална, додека порано сè беше многу покомплицирано бидејќи зависеше од издавачките куќи и луѓето кои веруваа во вашиот талент.

Таа исто така истакнува дека тоа започнало во време кога „латино музиката не била во мода во остатокот од светот и не се слушала надвор од латиноамериканските земји“.

Денес, вели таа, ситуацијата е сосема поинаква, а овој жанр е распространет низ целиот свет, особено во Шпанија, каде што многу јужноамерикански изведувачи постигнуваат голем успех.

– Сè за што сонував изгледаше недостижно. Но, имаше вера во мене, внатрешен компас што ме водеше – инстинкт. И никогаш не престанав да го слушам – рече Шакира, зборувајќи за тоа како ги надминала пречките.

На крајот, таа сподели порака што денес ќе ѝ ја испрати на помладата верзија од себе:

– На вистинскиот пат си. Продолжи понатаму. Сè ќе се исплати. Не ги слушај оние кои не веруваат во тебе. Само продолжи, бидејќи ќе успееш.
The post Тешко детство, сиромаштија, беда: Емотивната исповед на Шакира за растењето и кризите низ кои поминала со години! (фото) appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: