Скопје и денеска е втор најзагаден град во Европа

Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот и на второ во Европа по загаденост

  

Загаденоста на воздухот во Скопје и утрово е многу висока.
Според светскиот сервис IqAir Скопје утрово е на 20 место во светот и на второ во Европа по загаденост.
Она што е нестандардно утрово е фактот што најзагаден воздух дишат жителите на населбата Илинден.

Инаку, вчера Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање и излегоа со мерки и препораки до институциите и граѓаните.

Аларм за загаденост и од животна во Гази Баба , Центар, Карпош и Лисиче ! Да се пуштат од работа загрозените категории

Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.

Пронајдете не на следниве мрежи: