четврток, 12 ноември 2026
Најново

ССМ: Минималната кошничка за декември е 65.492 денари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека минималната синдикална кошничка за декември годинава достигнува 65.492 денари и е зголемена за 319 денари во споредба со минималната кошничка од претходниот месец, која изнесуваше 65.173 денари.

ССМ денес објави дека доколку се додаде киријата за стан од 60 квадратни метри, минималната синдикална кошничка за декември достигнува 80.867 денари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Според пресметките на ССМ, за декември се потребни 23.640 денари за храна и пијалоци, 7.159 денари за образование, 6.130 денари за кирија, вода, струја и греење, 5.875 денари за облека и обувки, 4.636 денари за превоз, 4.131 денари за ресторани и хотели, 3.417 денари за комуникација и 2.620 денари за лична хигиена и одржување на хигиената во домот.

Ве потсетуваме дека од 1 јануари, покрај синдикатите што ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка, Владата ќе ја пресметува и просечната потрошувачка кошничка, која ќе биде за семејство со најмалку четири члена.

Поврзани вести