Премиерот Христијан Мицкоски објави дека и во недела имале работен ден во Владата, бидејќи како што напиша, одржале неделен состанок на тема реформска агенда.
-На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна распределба на одговорностите.
Од суштинско значење за успешна имплементација на реформската агенда мораме да ја завршиме домашната задача, напиша Мицкоски на Фејсбук.



