НОВИОТ НАЈБРЗ ВОЗ ВО СВЕТОТ Погледнете како изгледа внатрешноста на „куршумот“, кој ќе се движи со брзина од 450 км/ч

Прототип на брз воз наречен CR450, претставен во Пекинг кон крајот на 2024 година, достигна брзина до 450 км/ч , што значи дека светот наскоро би можел да добие нов најбрз воз во редовниот комерцијален сообраќај.

Кога ќе се појави на шините, ќе го надмине кинескиот модел CR400 , кој дебитираше во 2017 година и се движи со брзина од 350 км/ч.

Поминаа повеќе од 2.000 тестови

Најновиот прототип CR450 е производ на CRRC Changchun Railway Vehicles и CRRC Sifang, што ја истакнува неговата брзина, како и енергетската ефикасност, контролата на бучавата и перформансите на сопирањето.

Прототипот поминал низ повеќе од 2.000 тестови за да ги задоволи строгите барања на комерцијалното работење, но потребни се дополнителни тестови и подобрувања за да се достигнат строгите стандарди, известува Пун Куфер.

Порано оваа година во Шангај, за време на Меѓународниот саем за увоз-CIIE, централниот експонат беше моделот на возот CR450. Инсталацијата им овозможи на посетителите да ѕирнат во неговите оперативни карактеристики и техничката насока на развој , како и да добијат одговори на прашања за сопирање, аеродинамика и потрошувачка на енергија, кои се клучни за возење со брзина од 400 км/ч.

Алтернатива на воздушниот транспорт

Во последната деценија, Кина стана светски лидер во развојот на железницата, градејќи илјадници километри нови железници кои стигнуваат до речиси секој агол од земјата.

Мрежата таму се протега на повеќе од 160.000 километри, вклучувајќи повеќе од 46.000 километри брзи линии.

Брзите возови се еколошки прифатлива и ефикасна алтернатива на кинескиот воздушен транспорт, поврзувајќи ги големите градови со руралните области. Од 1980-тите, стотици милијарди долари се инвестирани во нови брзи железници со голем капацитет низ Европа и Азија, во кои пионери беа јапонската „Шинкансен“ и француската „Треин а Гранде Витес“ (ТГВ).
The post НОВИОТ НАЈБРЗ ВОЗ ВО СВЕТОТ Погледнете како изгледа внатрешноста на „куршумот“, кој ќе се движи со брзина од 450 км/ч appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: