Снимка на која се гледаат три диви свињи како се движат низ населбата Водно е споделена на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции.
„Диви свињи шетаат во населба Водно, снимено синоќа околу 19:30 часот на улица ‘Питу Гули’, карши Тинекс“, напиша Гоце Бурзески, кој ги видел дивите животни.
На видеото се забележува како се движат по улицата, во близина на станбени објекти, што повторно го отвори прашањето за појавата на диви животни во урбани средини и безбедноста на граѓаните.
Засега нема информации за пријавена штета или интервенција од надлежните служби.
Видеото, кое го објави „Шило Магазин“ на Фејсбук, е снимено од автомобил во движење, а на него може да се видат четирите прасиња како се движат едно позади друго.
The post Диви свињи на прошетка низ улиците на Водно appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



