Инфлацијата мерена според индексот на потрошувачки цени во декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, изнесуваше 4,1 процент, објави денес Државниот завод за статистика. Целата 2025 година заврши со исто релативно високо ниво на инфлација во споредба со 2024 година.Индексот на потрошувачки цени во 2025 година, во споредба со 2024 година, се зголеми за 4,1%, додека индексот на малопродажни цени за 3,6%.Движењето на индексот на потрошувачки цени во 2025 година беше различно помеѓу одделните групи потрошувачи.
Зголемување на индексите е забележано во сите групи: Ресторани и хотели за 7,2%, Рекреација и култура за 6,4%, Алкохолни пијалоци, тутун и наркотици за 5,9%, Храна и безалкохолни пијалоци за 5,2%, Мебел, предмети за домаќинството и одржување на домаќинството за 4,6%, Разни стоки и услуги за 3,7%, Облека и обувки, Здравје за 3,1%, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 1,8%, Комуникации за 1,3%, Транспорт за 0,8% и Образование за 0,1%.
Зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во споредба со ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците за живот во следните групи: Транспорт за 5,8%, Рекреација и култура за 0,8%, Здравје за 0,7%, Мебел, предмети за домаќинството и одржување на домот за 0,5%, Ресторани и хотели за 0,4%, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,2%, Разни стоки и услуги, Алкохолни пијалоци, тутун и наркотици за 0,1%.
The post ДЗС: Инфлацијата во декември изнесуваше 4,1% appeared first on Во Центар.



