Учебната година во сите основни и средни училишта низ целата територија на земјата започнува на 20 јануари, потврди министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
„Вчера имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема да има пречки за новата учебна година.
„Ги повикувам родителите и учениците да бидат редовни на училиште и да отсуствуваат што е можно поретко. Бидејќи сите тестови во Македонија и насекаде во светот покажуваат дека учениците кои редовно одат на училиште постигнуваат подобри резултати“, вели Јаневска.
Во својот апел до родителите, таа ги повика да престанат со практиката да оправдуваат часови и да не им дозволуваат на своите деца да земаат одмори во текот на учебната година, и како што рече, „децата мора да бидат во училиште од првиот до последниот ден, освен кога државата, поради некоја виша сила, ќе одлучи дека тоа не треба да се случи“.
The post Јаневска: Нема одложување, второто полугодие почнува на 20 јануари appeared first on Во Центар.



