Водечкиот дизајнер во областа на воздухопловството, Најџел Гуд, чија компанија соработува со авиокомпании веќе 30 години, наведува дека нивната работа како дизајнери е да го истакнат брендот на авиокомпанијата и да го направат препознатлив.
– Сепак, нашата главна грижа е да обезбедиме ентериер што обезбедува удобност и создава пријатна средина . Поентата е да се создаде што е можно помалку стресно искуство за време на патувањето, а сината боја евоцира смиреност – истакнува Гуд.
Ова го потврдува и авторката на „Водич за психологија на боите“, Анџела Рајт.
– Анксиозноста е многу честа појава во текот на летото, а сината боја има опуштачко и смирувачко дејство. Се поврзува со позитивни работи како што се доверба, ефикасност, веселост, свежина, па затоа не е изненадувачки што авиокомпаниите ја избрале оваа боја – вели Рајт.
Трендот на сини седишта во авионите започна пред неколку децении и опстојува.
The post Зошто седиштата во авионот се сини: Експертите ја открија вистината, никој не го очекуваше ова appeared first on Во Центар.



