Претпладне претежно облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголеми и најпрвин во западните делови, а потоа насекаде ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во Скопје, облачно, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Денес кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а во сабота и понеделник ќе биде променливо облачно.



