Според порталот „Бунте“, Бастијан Швајнштајгер мора да ѝ плаќа на Ана Ивановиќ алиментација од 15.000 евра по дете секој месец!
Некои ставки наведени во судските досиеја се интересни, како и причините зошто е утврдена таа бројка.
Имено, било наведено дека „децата се навикнати на луксузен живот“ и дека семејството трошило помеѓу 6.000 и 7.000 евра месечно само за храна, со дополнителни трошоци за готвач, градинар и две чистачки.
Исто така – секое дете имало (и има) своја дадилка.
Судот пресуди дека децата имаат право да продолжат да живеат во истите услови како и пред разделбата на родителите, и затоа износот на алиментацијата се смета за оправдан и во согласност со финансиските можности на поранешниот германски репрезентативец.
Затоа, Бастијан е должен да плаќа 15.000 евра по дете месечно, што е околу 540.000 евра годишно.
– По разводот, Бастијан Швајнштајгер мора да плаќа за луксузниот животен стил на Ана на Мајорка. Поранешната спортска двојка живее во луксуз, а колку пари се потребни за нивните синови стана јасно на судската постапка на Мајорка по нивниот развод. Судијата ја одреди месечната алиментација на 15.000 евра по дете, повеќе од половина милион годишно. Тоа е приближно девет просечни бруто годишни плати за вработени со полно работно време во Германија – наведува порталот Бунте.
Износот беше утврден како дел од таканаречената привремена мерка пред судска постапка, што е вообичаена практика во Шпанија при разводи во кои се вклучени малолетни деца.
Иако бракоразводната постапка се одвива во Минхен, Ана Ивановиќ живее со своите синови Лука (8), Леон (5) и Тео (2) на Мајорка.
– Судот ги оправда невообичаено високите исплати на алиментација поради значителните финансиски средства на Бастијан Швајнштајгер и трошоците за живот што ги имале децата пред разводот. Според судот, семејството Ивановиќ – Швајнштајгер трошело помеѓу 6.000 и 7.000 евра месечно само за храна. Судот ги зел предвид исплатите на градинар, готвач и две чистачки, како и фактот дека секое дете има дадилка. Исто така, земени се предвид и високите приходи на Швајни, за кои судот изјави дека е тешко да се утврдат бидејќи поранешниот победник на Светското првенство плаќа даноци во Германија – наведува гореспоменатиот портал.
The post Децата навикнати на луксуз, секој има своја дадилка: Еве зошто Бастијан плаќа месечна алиментација од 45.000 евра appeared first on Во Центар.



