„Куба е подготвена да падне“: Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе ја снабдува со нафта

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови тарифи за секоја земја што ќе ја снабдува Куба со нафта, ескалирајќи ја кампањата на притисок врз комунистичката влада на островот, долгогодишен непријател на САД.

Трамп не ги прецизираше царинските стапки, ниту пак ги издвои земјите чии производи би можеле да се соочат со американски царини , објави денес Ројтерс.

Дури и по операцијата во Венецуела, Трамп изјави дека венецуелската нафта повеќе нема да оди во Куба и дека кубанската влада е „подготвена да падне“, напиша тогаш CBS News .

Кубанската влада кратко време по неговото објавување предупреди дека наредбата се заканува да го парализира производството на електрична енергија, земјоделското производство, водоснабдувањето и здравствените услуги, на остров кој веќе ги чувствува последиците од тешката економска криза.

– Која е целта? Геноцид врз кубанскиот народ. Сите сфери на животот ќе бидат потиснати од американската влада – наведува кубанската влада во соопштението што беше прочитано на вечерните вести на кубанската телевизија.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел претходно изјави дека Вашингтон нема морален авторитет да ѝ наметне договор на Куба, откако Трамп предложи владата на островот да постигне договор со САД.
The post „Куба е подготвена да падне“: Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе ја снабдува со нафта appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: