Цената на златото забележа остар пад од 8,9%, а сега веќе намален на 8,13% во последните 24 часа на светските пазари, што претставува една од најзначајните дневни корекции во последниот период. Падот следува по претходниот силен раст и достигнувањето на рекордно високи нивоа.
Според пазарните аналитичари, ваквото движење е резултат на профитирање од страна на инвеститорите, зајакнување на американскиот долар и променетите очекувања околу идната монетарна политика на големите централни банки. Дел од капиталот се пренасочува кон поризични вложувања, што врши дополнителен притисок врз цената на благородниот метал.
Според најновите берзански податоци 8,9% е најсилниот еднодневен пад од 1983 година наваму. Тоа го прави овој ден еден од најтажните за златото во повеќе од четири децении.
И покрај силниот краткорочен пад, експертите нагласуваат дека долгорочниот тренд на златото останува позитивен, особено во услови на глобална економска неизвесност, геополитички тензии и инфлаторни ризици.
Пазарите и понатаму остануваат чувствителни, а следните денови ќе бидат клучни за тоа дали падот ќе продолжи или ќе следува стабилизација на цената.
На 21 октомври 2025 година, цената на златото забележа најголем еднодневен пад од околу 6,3 %, што беше најсилен еднодневен процентуален пад уште од 2013 година според податоците за спот цената на златото. Тоа значи дека таков нагол опаѓање не беше забележано речиси повеќе од една деценија пред тој момент.



