Индустриското производство во декември 2025 година бележи раст од 2,3 % во споредба со истиот месец претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги резултатите при денешната посета на Тетово, оцени дека порастот на индустриското производство е позитивен знак за економскиот напредок и ја истакна преработувачката индустрија како клучен двигател на растот.
„Повторно имаме раст на индустриското производство, мислам за 2,3 проценти, но она што е поважно е дека цела 2025 година, после многу долго време, индустриското производство расте, а истото важи и за преработувачката индустрија“, истакна Мицкоски.
Премиерот додаде дека очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со цел постигнување уште подобри економски резултати.



