Мицкоски за денешните протести: Демократско право, Владата презема чекори за чиста животна средина

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека протестите се легитимно демократско право и дека секој граѓанин има право јавно да го искаже своето незадоволство, коментирајќи го денешниот протест под мотото „Стоп за Усје“.

„За денешните протести многупати сум кажал дека секој има право да го изнесе своето незадоволство преку протест. Ние како Влада правиме сѐ за граѓаните да имаат здрава и чиста животна средина. Тоа што со децении ништо не е правено – немам што да кажам“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека актуелната Влада презела конкретни чекори за подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина, меѓу кои и потпишување договори за изградба на когенеративни централи и системи за далечинско греење, како и донесување одлуки за набавка на електрични автобуси, кои, како што нагласи, не се наменети само за Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: