Две измами врз стари лица за лажни сообраќајки на подрачјето на Штип во последните 24 часа

На 30.01.2026 година, во СВР Штип биле пријавени два случаи на измама извршени врз повозрасни лица од Штип.

Првиот случај бил пријавен во 11:30 часот од 96-годишен маж, кој навел дека бил измамен за износ од 3.500 евра. Според пријавеното, телефонски му се јавило лице кое се претставило како лекар и му соопштило дека неговата ќерка се здобила со скршеници и дека е потребна итна операција за која требало да се плати. По претходен договор, оштетениот од балконот ги фрлил парите, кои биле преземени од лице што чекало под објектот и потоа го напуштило местото на настанот. Подоцна, откако стапил во контакт со неговата ќерка, сфатил дека станува збор за измама.

Вториот случај бил пријавен во 16:30 часот од 77-годишна жена, која изјавила дека била измамена по истиот начин. Таа навела дека лице кое се претставило како лекар телефонски и соопштило дека нејзината ќерка е тешко повредена и дека е неопходна итна операција. По договор со сторителите, таа од балконот предала 3.000 евра, 30.000 денари и златен накит на женско лице, кое по преземањето го напуштило местото на настанот. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена.

Во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и откривање на сторителите.

Пронајдете не на следниве мрежи: