Левот веќе не е официјално платежно средство во Бугарија, се плаќа само во евра

Од денес, 1 февруари, левот повеќе нема да биде официјално средство за плаќање во Бугарија. Продавниците, трговските објекти и разните видови услуги повеќе нема да можат да прифаќаат плаќања во бугарски левови, а официјалната валута во земјата ќе стане единствената европска валута – еврото.

Од денес, граѓаните се должни да плаќаат во евра. Трговците повеќе не се должни да прифаќаат левови, а кусурот во секоја трансакција ќе се враќа само во евра. Според Законот за воведување на еврото, двојното означување на цените – во левови и во евра, ќе продолжи до 8 август оваа година. Комерцијалните банки и поштите ќе менуваат левови за евра без провизии до 1 јули оваа година.

На 5 февруари е првиот состанок на Европската централна банка, на кој бугарскиот гувернер Димитар Радев ќе учествува како полноправен член.

Пронајдете не на следниве мрежи: