Почитувани, во текот на вчерашниот ден (01.02.2026) од страна на системот Безбеден град констатирани се следните сообраќајни прекршоци:
за минување на црвено светло констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24.
За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите.
Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци.



