76 годишна битолчанка измамена за 7.000 евра од лажен лекар

Во Битолската полиција 76 годишна жена пријавила дека била измамена за 7.000 евра, од лажен лекар.

„76-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и се претставило како лекар. Лицето и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари, за да и го спаси животот“ информираше Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека жената заедно со сопругот однеле 7.000 евра и ги дале на едно лице, кое според договорот, ги чекало кај Саат-кулата во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена, односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: