Сообраќајот на автопатот Куманово–Скопје утрово е во прекин поради тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа, при судир на автомобил со камион. Инцидентот се случил на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром.
На видеото кое што го сподели Скопје Инфо може да се види како горат двете возила, кои и утрово се уште стојат на местото, но засега не е позната состојбата на возачите.
Повеќе детали за настанот се очекуваат во текот на денот.



